Fatih Hafız Mehmet
13 Мај 2018•Ажурирај: 14 Мај 2018
АНКАРА (АА) - На претседателските избори во Турција закажани за 24 јуни, според конечната листа на Врховниот совет за избори ќе учествуваат шест кандидати, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката на Врховниот совет за избори беше објавена во Службен весник рано утринава.
Кандидатите по азбучен редослед се: Догу Перинчек, Мерал Акшенер, Мухарем Инџе, Реџеп Таип Ердоган, Селахатин Демирташ и Темел Карамолаоглу.
Минатиот месец парламентот усвои нацрт-предлог за одржување на предвремени избори на 24-ти јуни.
Големото народно собрание на Република Турција неодамна усвои и пакет измени и дополнувања на законот, кои се однесуваат на усогласување на нормите и спроведување на уставната реформа која е одобрена на минатогодишниот референдум, со која Турција преминува од парламентарен во претседателски систем на управување.