Zülfiya Yakup
04 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
ПРИШТИНА (АА) - Помирувањето е клучен збор тука на мостот, порача Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика за време на посетата на Митровица, јавува Anadolu Agency (AA).
Високата претставничка Могерини за време на посетата на Митровица го посети местото каде што се вршат градежни активности за ревитализација на мостот, која ја финансира ЕУ, а е дел од постигнатиот договор меѓу Косово и Србија е во Брисел.
Могерини притоа во обраќање на медиумите истакна дека се радува на брзото отворањето на мостот на Ибар, кој ја дели Митровица на јужен албански и северен српски дел на градот. Таа изјави дека и покрај тоа што често се слуша дека дијалогот е празна приказна, тој донесува резултати кои се видливи за локалното население и затоа ЕУ е посветена на дијалогот.
„Оваа работа која ја работиме на мостот, мостот кој го обновуваме, го претвора од мост од симбол на поделба во симбол на дијалог. Помирувањето е клучен збор тука, а тоа е клучна работа која ја извршуваме помагајќи и поддржувајќи го народот во Митровица. Помирување меѓу заедниците и на крајот мир, а со мирот доаѓа и напредок”, изјави Могерини.
Таа се заблагодари на општинските власти и од јужниот и северниот дел на Митровица на сето направено досега, и нагласи дека е свесна оти овој дијалог не бил лесен, дека имале многу застој и пречки, но е задоволна што овој проект се ближи кон својот крај.
„Денес, тука му покажуваме не само на регионот, туку на целиот свет дека се возможни дијалогот, соработката и мирот. ЕУ останува посветена кон развојот на Косово” , додаде Могерини.
Таа наведе и дека разговарала со претставниците на организациите на граѓанското општество и од северниот и јужниот дел на Митровица и дека им кажала дека дијалогот кој тие го извршуваат е поважен од дијалогот на кој таа помага.
Таа изјави дека дијалогот фундаментално важна работа бидејќи доведува до важни одлуки, но дека граѓанското општество е пресудно важно во развивањето на целото општество.
Пред посетата на Митровица, Могерини во Приштина се состаана со највисоките косовски официјални лица и лидерите на парламентарните партии.