Hasan Esen
05 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
БЛЕД (AA) - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини во понеделник во обраќањето на панел на Бледскиот стратешки форум рече дека Брисел го продолжува дијалогот со Турција како и разговорите кои се однесуваат на преговорите за пристапување, јавува Anadolu Agency (AA).
Коментирајќи ги изјавите на одредени германски политичари за блокирање на пристапување на Турција кон членството во ЕУ, Могерини рече дека е потребно да се размислува надвор од контекстот на предизборните кампањи.
„Важни се резултатите и чекорите кои е можно да се преземат", рече Могерини, потсетувајќи дека дијалогот со Турција не може да се доведе во прашање.
„Една работа е многу јасна. Пред се, дијалогот продолжува како и разговорите кои се однесуваат на преговорите. Турција е моментално земја кандидат. Ние во Европската унија, а и оние во Турција, можеме да водиме интерна расправа за тоа дали таквата ситуација ќе се менува или не. Но, моментално имаме таква ситуација", рече Могерини.
Истакна дека неретко се заборава дека Турција е клучен играч во регионот кој е важен за Европската унија.
„Понекогаш тежнееме кон заборавот дека Турција е клучен играч на Блискиот исток и Медитеранот, регионите кои се во стратешка смисла важни за нас. Станува збор за земја со која соработуваме за различни прашања како што се борба против тероризмот, Кипар, Сирија, а кои се стратешки како за нив така и за нас", рече Могерини.
И покрај повремените недоразбирања, рече дека ЕУ и Турција се партнери.
„Работиме заедно за многу прашања. Работа со соседите сигурно е императив. Не можете да ја бирате географијата, ниту можете да ја менувате историјата. Но затоа можете да пронајдете методи со кои за да меѓусебно се разберете подобро", рече Могерини.
Во Словенија денеска започна дводневниот Бледски стратешки форум, кој оваа година се бави со глобализација и дигитализација, но и ситуација во државите на западен Балкан и нивниот пат кон Европската унија.
Другиот ден од форумот ќе биде одржан панел посветен на положбата на ЕУ во сменета реалност, а ќе се расправа и за дигитална дипломатија на 21. век.
Бледскиот стратешки форум ќе собере околу 1.000 учесници и гости од 70 земји, а се одржува под слоганот „Нова реалност".
Конференцијата од 2006. година ја организираат словенското министерство за надворешни работи и Центарот за европска перспектива.