Aysu Biçer
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Невработеноста во Турција достигна 12,1 отсто во август, објави денес турскиот Институт за статистика (ТуркСтат), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на невработени на возраст од 15 години и повеќе се зголеми за 11.000 овој август во однос на истиот месец минатата година, и достигна 3,9 милиони“, се наведува во соопштението на ТуркСтат.
Стапката на учество на работната сила изнесува 51,2 отсто, што е пад од 0,1 процентен поен во однос на јули.
Во истиот период, вработеноста се намали за 14.000 на 28,7 милиони луѓе.
„Стапката на вработеност изнесуваше 45 отсто со намалување од 0,1 процентен поен“, според ТуркСтат.
Стапката на невработеност кај младите од возрасната група 15-24 години изнесуваше 22,7 отсто со 0,1 процентен поен намалување во споредба со претходниот месец.