Mümin Altaş
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара изјави дека за една година се вложени милијарда турски лири во училиштата, во рамките на проектот за зајакнување на стручното образование, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во Народниот културен и конгресен центар „Бештепе“ во Анкара зборуваше на свеченоста по повод проектот за 1.000 училишта за стручно образование и отворање на 50 центри за истражување и развој. Во таа прилика кажа дека има добри вести за подрачјето на стручното образование.
„Како држава, го отстрануваме товарот од работодавачите за примањата што треба учениците и студентите во стручното образование да ги примаат во текот на четирите години. На учениците кои ќе завршат средно школо и факултет им нудиме можност исто така да ја завршат програмата на центарот за стручно образование во подрачјето во кое сакаат и ќе влезат на пазарот на труд“, рече Ердоган и додаде:
„Учениците кои последната година ќе ја продолжат во нашите центри за стручно оспособување и кои ќе работат како калфи ќе бидат исплатени, не третина, туку половина од минималната плата“, рече Ердоган.
Кога станува збор за вложувањата во последниот период, Ердоган додаде: „За една година вложивме милијарда турски лири во училиштата во рамките на проектот за зајакнување на стручното образование.“