Fatjon Cuka
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
ТИРАНА (АА) - Ден откако е одредено во Собранието на Албанија првиот круг на гласање за претседател на државата да се одржи на 19 април, премиерот Еди Рама ја повика опозицијата на дијалог. Истовремено, лидерот на опозицијата Љуљзим Баша го повтори барањето за формирање на техничка влада, како предуслов опозицијата да излезе на парламентарните избори закажани за 18 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот и претседателот на Социјалистичката партија на Албанија, Рама во изјава за медиумите нагласи дека опозицијата, која протестира од 18 феврурари е таа која одбива дијалог, а не владата.
„Оваа земја никогаш нема видено ваква вештачка криза. Изразив подготвеност на дијалог од првиот ден на мојот мандат. Денес повторувам, тука сум за дијалог. Тажен сум поради се што слушнав од пријателот и партнерот на Албанија во врска со овие поптполно неприфатливи позиции на Демократската партија. Изборите нема да ги спречи и оваа влада никогаш нема да ја собори, освен доколу народот не ја отстрани со гласовите на 18 јуни”, изјави Рама.
Одговарајќи на прашањата на некои медиуми, албанскиот премиер изјави и дека не постои сценарио за елиминирање на лидерот на опозицијата.
Од друга страна, лидерот на Демократската парија на Албанија, Љузљим Баша во обраќањето на медиумите под шатор каде престојуваат опозициските поддржувачи на Булеварот „Народни херои" во Тирана го повтори барањето за формирање на техничка влада, што според него би ги гарантирала слободните парламентарни избори.
„Да им дадеме право на Албанците да гласаат слободно, Овој протест започна мирно и ќе се заврши мирно, но ќе бидат уште по одлучни во наредните денови и недели”, изјави Баша.
Опозицијата од почетокот на протестите не учествува ни во работата на Собранието, а Собранието на 19 април би требало да одржи прв круг на избори за новиот претседател на земјата. На актуелниот претседател на Албанија, Бујар Нишани, петгодишниот мандат му истекува на 24 јули, моментално не е познат ниеден кандидат за негов наследник.