Zülfiya Yakup
25 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
ПРИШТИНА (AA) - Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека состанок на претставниците на Косово и Србија во Брисел ја исполни својата главна цел, да се намалат тензиите. На состанокот за прв пат присуствуваа и претседателите и премиерите на Косово и Србија и договорено е да се интензивираат таквите средби, јавува Anadolu Agency (AA).
Косовскиот претседател на конференцијата за новинарите во Приштина оцени дека состанокот беше тежок затоа што е одржан „по последните неколку провокативни активности и националистичка реторика на Србија и по долгиот период на прекин на процесот на дијалогот."
„Можам да речам дека сум задоволен што главната цел на тој состанок е постигната, да се намалат тензиите и да се избегнат непотребните провокации, а ни останува уште многу да работиме на полна нормализација на меѓудржавните односи. За нас беше многу важно да разговараме отворено и да бараме од Србија да престане со делување, кое има за цел дестабилизација на политичката и безбедносната ситуација на Косово", рече Тачи.
Тој истакна дека имаше разбирање меѓу страните дека е неопходно да се спуштат тензиите и дека дијалогот нема алтернатива.
„Се сложивме околу спремноста да се интензивираат состаноците на високо политичко ниво и ние, како претставници на Косово ја изразивме нашата спредност да пружиме максимален конструктивен придонес од тој аспект", рече Тачи.
Според неговите зборови, дијалогот влезе во завршна фаза и тој се надева дека со помош на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, ќе биде постигнат конечен политички доовор за полна нормализација на добрососедски односи и помирување помеѓу Косово и Србија и двата народа.
„Само еден таков договор е гаранција на мирот и стабилноста на Западен Балкан, гаранција на процесот на европските интеграции, гаранција за зачленување на Косово во меѓународните организации, а посебно зачленување на двете земји во ЕУ, а за Косово и во НАТО", рече Тачи.
Порача дека косовската страна ќе го почитува ветувањето дадено во текот на состанокот дека ќе се воздржи од дебати кои поттикнуваат омраза, бидејќи тоа е во интерес на мирот. Исто така, нагласи дека Косово повикува на мир и останува посветено на процесот на дијалогот и изрази надеж дека истата волја ќе ја искаже и српската страна.
Дијалогот на Белград и Приштина на високо ниво е одржан по година дена во момент на зголемена напнатост во односите на двете страни, а по апсењето на Рамуш Харадинај во Франција по потерција на Србија и по кризата околу возот со националистичка иконографија, кој Белград се обиде да го испрати во Северна Митровица, а косовските власти на северот на Косово испратија специјални полициски единици РОСА да го запрат.