политика

Норвешка го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

„Норвешкиот Парламент го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Важен чекор за безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко...“

Ekipa  | 06.06.2019 - Обновена : 07.06.2019
Норвешка го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

СКОПЈЕ (АА) - Норвешкиот Парламент денеска го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).

Норвешката министерка за надворешни работи, Ине Мари Ериксен Сореиде, на социјалната мрежа Твитер изрази задоволство да ја види Северна Македонија како сосед на Норвешка на масата на Северноатлантскиот совет.

„Норвешкиот Парламент го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Важен чекор за безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко. Очекуваме да ја видиме Северна Македонија како сосед на Норвешка на масата на Северноатлантскиот совет“, напиша Ериксен Сореиде.

Досега, речиси половина од земјите членки на НАТО го ратификуваа Протоколот за пристап. Првата земја што го ратификуваше Протоколот беше Грција.

Инаку, Протоколот треба да биде ратификуван во парламентите на сите 29 членки на Алијансата.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари оваа година го потпишаа Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.