политика

По најавената оставка на Меј, 65 отсто од Британците сметаат дека земјата е во состојба на криза

Анкетата спроведена од „Sky Data“ покажува дека 54 отсто од јавноста верува оти непосредните општи избори треба да бидат извршени еднаш откако ќе се избере нов премиер, додека 36 отсто се спротивставуваат на ова, а 11 отсто се неодлучни

Ekip  | 25.05.2019 - Обновена : 27.05.2019
По најавената оставка на Меј, 65 отсто од Британците сметаат дека земјата е во состојба на криза

ЛОНДОН (АА) - По најавената оставка на британската премиерка Тереза Меј, според ново направено истражување, речиси две третини од Британците веруваат дека Велика Британија е во состојба на криза, со најмногу фаворизирање на општите избори откако ќе биде избран нов лидер, пренесува Anadolu Agency (AA).

Анкетата спроведена од „Sky Data“ и објавена денеска, покажува дека 54 отсто од јавноста верува оти непосредните општи избори треба да бидат извршени еднаш откако ќе се избере нов премиер, додека 36 отсто се спротивставуваат на ова, а 11 отсто се неодлучни.

Околу 65 отсто од јавноста сега верува дека Велика Британија е во национална криза по најавената оставка на Меј и хаосот кој се зголемува околу Брегзит, додека 27 отсто не се согласуваат со ова, а 8 отсто се несигурни. Овие бројки претставуваат значително зголемување од последниот пат кога беше поставено ова прашање.

Истото прашање беше поставено веднаш по првиот парламентарен пораз на Договорот за Брегзит на Меј во јануари, најголемиот пораз на Владата во историјата на Велика Британија, по што 61 отсто од испитаниците рекоа дека Велика Британија е во состојба на криза. Оттогаш, Договорот, по претрпениот пораз, е неуспешен уште двапати.

По оставката на Меј, 73 отсто од јавноста исто така вели дека Велика Британија станала поделена во текот на изминатите неколку години.

Меј вчера најави поднесување на оставка, поради притисокот на групата на високи пратеници на Конзервативната партија, откако ѝ се закануваше ново гласање на недоверба.

Ревидираниот Договор за Брегзит на Меј, кој вклучуваше гласање на втор референдум, доколку беше усвоен во Парламентот, ги разлути пратениците во нејзината партија, беше одбиен од лабуристите и доведе до оставка на Андреа Лидсом, висок член на Кабинетот и лидерка на Долниот дом. Другите министри, исто така, се заканија дека ќе поднесат оставка, доколку Меј одбие да постави временска рамка за нејзиното заминување.

Се очекува Меј да ја води нејзината партија и земјата до 7 јуни, по објавените резултати од европските избори и откако ќе го пречека американскиот претседател Доналд Трамп, кој ќе биде во државна посета. По ова, Конзервативната партија ќе влезе во партиски натпревар во кој голем број конзервативни пратеници ќе се борат за лидерска позиција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.