Ekipa
14 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денес во Брисел изјави дека првата фаза од преговорите за Брегзит е тест на единството на 27-те земји-членки на ЕУ, предупредувајќи дека најтешкиот период следува допрва, пренесува Anadolu Agency (AA).
Туск по доаѓањето на самитот на ЕУ во Брисел, изјави дека единството на ЕУ ќе биде уште повеќе тестирано наредната година.
„Немам сомнежи дека втората фаза од преговорите ќе биде вистински тест на нашето единство“, порача Туск.
Европската комисија (ЕК) минатата недела соопшти дека е постигнат доволен напредок во преговорите за отстапување на Велика Британија од ЕУ, што овозможува почеток на нова фаза преговори за идните односи.
ЕУ постави три приоритетни подрачја во кои мора да се постигне доволен напредок за да може да се премине во втората фаза - исполнувањето на финасиските обврски на Велика Британија според европскиот буџет, прашањето на границата меѓу Ирска и Северна Ирска и правата на европските граѓани во Велика Британија и британските граѓани во ЕУ по Брегзит.