Операција Извор на мирот

Турското Министерство за одбрана: „ЈПГ/ПКК го прекршува договорот меѓу Турција и САД за Сирија“

„Од склучениот договор меѓу Турција и САД во четвртокот за привремено запирање на турската операција во Сирија на 120 часа, терористичката организација во северна Сирија направи 36 прекршувања“

Gözde Bayar  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Турското Министерство за одбрана: „ЈПГ/ПКК го прекршува договорот меѓу Турција и САД за Сирија“

АНКАРА (АА) - Од турското Министерство за одбрана денес се соопштува дека терористите на ЈПГ/ПКК го прекршиле договорот меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) за северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Од склучениот договор меѓу Турција и САД во четвртокот за привремено запирање на турската операција во Сирија на 120 часа, со цел да се овозможи повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од планираната безбедносна зона, терористичката организација во северна Сирија направи 36 прекршувања“, изјави за новинарите во Анкара портпаролката на Министерството за одбрана, Шебнем Актоп.

На 17 октомври, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и американскиот потпретседател, Мајк Пенс, исто така постигнаа договор Турција да формира 32 километри широка безбедносна зона јужно од турската граница во Сирија.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Актоп изјави дека Турските безбедносни сили досега неутрализирале 765 терористи на ЈПГ/ПКК за време на антитерористичката операција источно од реката Еуфрат во Сирија, за да го исчистат регионот од терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД.

„Со турската операција во северна Сирија досега се ослободени вкупно 111 населби“, изјави Актоп, додавајќи дека под контрола била ставена област со површина од 1.500 квадратни километри.

Таа, исто така, потврди дека Турските безбедносни сили не употребиле никакво хемиско оружје или муниција што се забранети со меѓународното право и договори.

Актоп нагласи дека операцијата „Извор на мирот“ не предизвикала цивилни жртви во Сирија.

„Турција одблизу го набљудува повлекувањето на ЈПГ/ПКК од регионот во рамките на договорот за 120-часовна пауза“, додаде таа.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.