Burak Bir
14 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Градовите Рас ал Ајн и Тел Абјад се под контрола, соопшти турскиот министер за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тел Абјад и Рас ал Ајн се под контрола, нашите напори во однос на безбедноста во регионот продолжуваат“, изјави Хулуси Акар пред новинарите во турскиот главен град Анкара.
Акар нагласи дека Турција не само што се бори против ЈПГ, туку и против сите терористички организации, особено против ДЕАШ.
„Нашата борба [со операцијата „Извор на мирот“] не е само против ЈПГ, туку против сите терористички организации, особено против ДЕАШ. Терористите се наша единствена цел.“
Вооружените сили на Турција (ТСК) и Сириската национална војска (SNA), во средата, на 9 октомври, ja апочнаа операцијата „Извор на мирот“, чија цел е да се воспостави мир и безбедност во регионот и да се уништи терористичкиот коридор кој терористите имаат намера да го воспостават јужно од границата со Турција.
Турските сили операцијата ја спроведуваат против терористичката организација ЈПГ/ПКК, а од Анкара е соопштено дека турските сили ќе ги преземат терористите на ДЕАШ од притворските центри во тој дел на Сирија. За најадекватно решение Анкара го смета тоа терористите да се предадат на земјите од каде што дошле во Сирија и да се процесуираат во тие земји.
Анкара сака да ја исчисти северна Сирија, подрачјето источно од реката Еуфрат, од терористите на ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД/ЈПГ.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.