Enes Canlı
14 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турција ја започна операцијата „Извор на мирот“ со цел да се уништи обидот за формирање терористички коридор долж јужната граница на Турција и да се воведе мир и благосостојба во регионот. Во исто време, на социјалните мрежи е започната кампања на дезинформирање против операцијата, при што, една постара фотографија на која се гледа како цивилите бегаат од судирите во Сирија е прикажана како да е направена во текот на операцијата „Извор на мирот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Со напредувањето на операцијата „Извор на мирот“, симпатизерите на терористичката организација преку социјалните мрежи продолжуваат со своите обиди да манипулираат со фотографии и видеоснимки од други настани, и друг временски период, и да ги прикажуваат како да се направени во текот на оваа операција. Таков е случајот и со фотографијата насловена како „Цивили кои бегаат од судирите во Сирија“.
Преку профил на симпатизер на терористичката организација, направен е обид за манипулација со фотографијата на која е прикажано дете кое ја носи својата облека во Суруч во септември 2014 година, а зад него се гледа турски војник.

Повторно профил близок до терористите, објавувајќи фотографија на мајка со дете кое се смее во нејзините прегратки, направена во септември 2014 година во местото Суруч, се обиде да изманипулира како да е направена во текот на операцијата „Извор на мирот“.
Во еден друг случај направен е обид фотографијата на сириско дете, нерегулиран мигрант сместен во бегалски камп во Грција, направена во јануари, да се прикаже како да е направена во текот на операцијата на Турските вооружени сили (ТСК).

Манипулаторските профили, со цел дезинформација против тековната операција, на социјалните мрежи објавија фотографија на дете со кукла во рацете направена во август 2014 година, прикажувајќи ја како да е изработена во текот на операцијата „Извор на мирот“.

Профилите на симпатизерите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, со фотографијата на мајка Сиријка и нејзиното детенце во картонска кутија на отворен простор во бегалски камп забележана во март 2016 година, се обидоа да ги изманипулираат корисниците на социјалните мрежи како да е направена во тековната операција на турските сили.
Покрај фотографијата направена во август 2015 година на која се гледа како плачат сириски дечиња, и фотографиите од бегалски камп каде што сириски мајки со солзи во очите во прегратки ги држат своите деца, симпатизерите на терористичката организација ги соединиле во едно видео и се обидуваат да ги изманипулираат корисниците на социјалните мрежи, прикажувајќи ги како кадри доживеани во операцијата „Извор на мирот“.