Операција Извор на мирот

Симпатизерите на терористите со фотографија од Либија шират лаги за операцијата „Извор на мирот“

На социјалните мрежи сè почесто се појавуваат информации, фотографии, видеоснимки од различни места и време, а кои симпатизерите на терористите се обидуваат да ги претстават како да се направени за време на турската операција во Сирија

Enes Canlı  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Симпатизерите на терористите со фотографија од Либија шират лаги за операцијата „Извор на мирот“

АНКАРА (АА) - На социјалните мрежи продолжува ширењето дезинформации за турската операција „Извор на мирот“, која се спроведува во североисточниот дел на Сирија. Поддржувачите на терористите се обидоа фотографија од 2012 година да ја злоупотребат и да шират лаги за споменатата антитерористичка операција, јавува Anadolu Agency (AA).

На социјалните мрежи сè почесто се појавуваат информации, фотографии и видеоснимки направени на различни места и во различно време, а кои симпатизерите на терористите се обидуваат да ги претстават како да се направени за време на операцијата „Извор на мирот“.

Поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК се обидоа да пласираат лага дека за време на операцијата е користена муниција која е забранета со меѓународното право. За таа цел злоупотребија фотографија од проектил наполнет со фосфор. Фотографијата всушност е направена во Либија за време на Арапската пролет.

Симпатизер на терористите ја објави споменатата фотографија со опис дека Турската војска во Рас ел Ајн користела бомба со бел фосфор од американско производство.

Меѓутоа со анализа е утврдено дека истата фотографија е објавена во 2012 година во американскиот весник „Њујорк тајмс“, со статија за оружјето што силите кои се бореле против Муамер ал Гадафи го користеле за време на Арапската пролет во Либија.

Забележани се и одредени промени кои манипулаторите ги направиле во однос на оригиналната фотографија, па, меѓу останатото, избришани се камењата кои се наоѓале во непосредна близина на проектилот.

Турските официјални претставници, меѓу кои и министерот за одбрана, Хулуси Акар, повеќе пати повторија дека турските сили во својот инвентар немаат хемиско оружје. Ги демантираа и наводите на поддржувачите на терористите дека турските сили за време на операцијата „Извор на мирот“ користеле хемиско оружје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.