Операција Извор на мирот

АА објави снимка на мрежа на тунели кои терористите на ЈПГ/ПКК го ископаа во центарот на Рас ал-Ајн

Влезот во тунелот е сместен во едно депо, а како мрежа од пајак го покрива целиот центар на градот и се пружа кон турската граница

Ömer Koparan  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
АА објави снимка на мрежа на тунели кои терористите на ЈПГ/ПКК го ископаа во центарот на Рас ал-Ајн

РАС АЛ-АЈН (AA) - Репортерската екипа на Anadolu Agency (AA) објави снимка на мрежа од тунели кои терористите на ЈПГ/ПКК ги ископаа под градот Рас ал-Ајн на североистокот на Сирија.

Влезот во тунелот е сместен во едно депо, а како мрежа од пајак го покрива целиот центар на градот и се пружа кон турската граница.

Станува збор за мрежа тунели под градот Рас ал-Ајн кој турските сили го ослободија во текот на операцијата „Извор на мирот“.

Во тунелот се симнува низ скали високи 13 метри, а тунелските ходници се широки 2,5 метри и високи три метри.

Неколку километри долгите ходници ја сочинуват мрежата на тунелот, која наликува на мрежа од пајак, а краците водат кон повеќе места во Рас ал-Ајн.

На снимките се гледа како на секои десет метри од тунелот се наоѓаат системи за проветрување и одмаралишта.

Терористите на ЈПГ/ПКК ископаа големи мрежи на тунели во градовите што ги окупираа на северот на Сирија, а така планираат да се бранат во случај на напади од Турските вооружени сили.

Репортерите на АА претходно објавија снимки на слични терористички тунели кои терористите на ЈПГ/ПКК ги ископаа во Мунбич и Ајн ал-Араб. Слични тунели се откриени и откако турските сили го ослободија Африн на северозападот на Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın