Erbil Başay
21 Октомври 2019•Ажурирај: 21 Октомври 2019
БЕРЛИН
Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, во однос на договорот меѓу Турција и САД за операцијата „Извор на мирот“ истакна: „Не сакаме повторно да започне конфликт“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мас, на прес-конференцијата по средбата со белорускиот министер за надворешни работи, Владимир Макеј, рече дека ставот на Владата на Германија во однос на операцијата на Турција во североисточниот дел на Сирија е познат на сите и дека операцијата не треба да продолжи.
Истакна дека откако ќе заврши утврденото време треба да се создадат услови за да не продолжи операцијата и да се најде политичко решение.
„Не сакаме повторно да започне конфликт“, нагласи Мас.
Тој, исто така, истакна дека прават напори за тоа.
Мас, наведувајќи дека Црвениот крст влегол во регионот, рече: „Тоа е важно за да добиеме вистински информации за тоа каква е човечката состојба во регионот.“