свет

Иран го потресе земјотрес од 5,6 степени

- Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 5,6 степени бил во градот Кухерд.

Muhammet Kurşun  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Иран го потресе земјотрес од 5,6 степени

ТЕХЕРАН

Иранската покраина Хормозган, сместена во јужниот дел на Иран, ја потресе земјотрес со интензитет од 5,6 степени, јавува Anadolu Agency (AA).

Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 5,6 степени бил во градот Кухерд.

Во соопштението се наведува дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а го почувствувале и жителите во околината на градот.

Во веста објавена на Иранската државна телевизија се наведува дека досега не се утврдени евентуални жртви или материјална штета.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın