Hamdi Çelikbaş
10 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана соопшти дека турските сили во рамките на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија досега извеле напади врз 181 цел на терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вооружените сили на Турција во рамките на операцијата „Извор на мирот“, со воздухопловните сили и останата воена поддршка досега изведоа напади на 181 цел на терористичките организации“, се наведува во соопштението на Министерството на официјалниот твитер-профил.
Турските вооружени сили (ТСК) и Сириската национална војска (СНВ) вчера (9 октомври) ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, чија цел е воспоставување на мирот и безбедноста во регионот и оневозможување на терористичкиот коридор што терористите имаат намера да го воспостават јужно од границата со Турција.
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите се единствената цел во рамките на операцијата „Извор на мирот“. Се наведува дека операцијата се спроведува во согласност со нормите на меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) во врска со борбата против тероризмот.