Eşber Ayaydın
17 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
ШАНЛИУРФА (AA) – Американската уметничка Дела Мајлс го посети турскиот град на границата со Сирија, Акчакале, и ја поддржа операцијата „Извор на мирот“, која турските сили ја спроведуваат на североистокот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Дела Мајлс, американска пејачка, кантавторка и долгогодишен придружен вокал на светските музички ѕвезди како Мајкл Џексон и Витни Хјустон, минатата година премина во ислам и се досели во Турција.
Таа денес го посети турскиот пограничен град Акчакале и се дружеше со најмладите жители во овој град.
Во разговор за Anadolu Agency (AA), Мајлс истакна дека ја поддржува операцијата која турските сили ја спроведуваат против терористичката организација ПКК и дека тоа е причината за нејзината посета на Акчакале.
„Ве молам да не застанувате, туку да продолжите и успешно да ја завршите операцијата. Терористите мора да се отстранат од овој регион и да се воспостави ред и мир. Сите треба да ја поддржиме оваа операција“, рече Мајлс.
Истакнувајќи дека како сестра и мајка сака да им помогне на сите луѓе во неволја, Мајлс рече дека одлучила да го посети тоа место, а дека не ги следи медиумите кои во Европа и во САД шират лаги за таа операција.
„Моето доаѓање во Акчакале е потврда на мојата поддршка на операцијата „Извор на мирот“. Не треба тука посебни зборови. Сите кои се во можност истото би требало да го направат. Нека дојде мирот“, рече Мајлс.