Ömer Koparan,Mohamad Misto,Adham Kako
17 Октомври 2019•Ажурирај: 18 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Цивилите се враќаат во сирискиот град Тел Абјад, кој пред четири дена беше ослободен во рамките на операцијата „Извор на мирот“, која Турските вооружени сили и Сириската национална војска ја спроведуваат во североисточниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Во рамките на операцијата во неделата од терористите е ослободен пограничниот сириски град Тел Абјад, а турските и сириските опозициски сили и понатаму го пребаруваат градот и работат на воспоставување ред и безбедност.
Репортерите на Andolu Agency (AA) пред три дена во живо се јавија од Тел Абјад, а на снимките се гледа дека во градот владее мир.
Граѓаните започнаа да се враќаат во Тел Абјад, а им помагаат борците на Сириската национална војска (СНВ).
Тел Абјад е подрачје во состав на сириската област Рака, а се наоѓа во непосредна близина на границата и турскиот град Акчакале.
Терористите на ДЕАШ го окупираа Тел Абјад во 2014 година, а една година подоцна, со поддршка на американските сили, го окупираа терористите на ЈПГ/ПКК.
Терористите на ЈПГ/ПКК под закана од Тел Абјад ги избркаа арапските и туркменските заедници кои побегнаа во шаторите во побезбедните региони.
ПЈД/ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 80-тите води вооружена борба против Турција.
Турските безбедносни сили одлучно се борат против терористичката организација ПКК во таа земја, но и против нејзините ограноци во Сирија и Ирак. Турција се повикува и на член 51 од договорот на ОН, односно правото на самоодбрана.