Операција Извор на мирот

Стотици терористи бегаат од редовите на ЈПГ/ПКК на североисточниот дел на Сирија

Неименуван воен извор изјави дека од редовите на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Рака и Ал Тапка побегнале најмалку 600 принудно мобилизирани терористи

Sena Güler, Gözde Bayar  | 17.10.2019 - Обновена : 17.10.2019
Стотици терористи бегаат од редовите на ЈПГ/ПКК на североисточниот дел на Сирија

АНКАРА (АА) - Стотици терористи ги напуштаат редовите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, и тоа во екот на операцијата која Турските вооружени сили (TSK) ја спроведуваат против таа терористичка група на северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Неименуван воен извор изјави дека од редовите на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Рака и Ал Тапка побегнале најмалку 600 принудно мобилизирани терористи.

Истиот извор изјави дека најмалку 40 терористи се предале на Турските вооружени сили.

Поголемиот дел од Арапите кои порано на источниот брег на Еуфрат пружаа поддршка на терористите на ЈПГ/ПКК, повеќе не го прават тоа.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Целта на операцијата „Извор на мирот“ е подрачјето источно од реката Еуфрат, да се исчисти од терористите на ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД/ЈПГ.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.