Операција Извор на мирот

Акар: „Во инвентарот на ТСК нема хемиско оружје“

„Добиваме информации дека терористичката организација ќе користи хемиско оружје и создавајќи перцепција вината ќе ја префрли врз нашите вооружени сили. Секој го знае фактот дека во инвентарот на ТСК нема хемиско оружје", истакна Акар

Sarp Özer  | 17.10.2019 - Обновена : 18.10.2019
Акар: „Во инвентарот на ТСК нема хемиско оружје“

АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека добиваат информации оти терористичката организација ќе користи хемиско оружје и ќе се обиде да создаде перцепција за префрлање на вината врз Турските вооружени сили (ТСК), и дека секој го знае фактот дека во инвентарот на ТСК нема хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).

Акар вчера во Министерството го прими на средба Роберт Чарлс О’Бриен, советник за национална одбрана на САД, и неговата делегација.

Турскиот министер по средбата даде изјава за медиумите во врска со средбата, во чии рамки било разговарано за последната состојба во Сирија, како и за одбранбените и безбедносни прашања.

Акар нагласи дека на средбата уште еднаш ги споделиле сите мислења и барања на Турција.

Според него, операцијата „Извор на мирот“ продолжува во рамките на нивните национални и духовни вредности.

„Се придава внимание со цел да не им се наштети на животната средина, невините цивили без разлика на нивна верска и национална припадност, како и на инфраструктурата, културните, историските и верските објекти во зоната каде што се реализира операцијата, и можните елементи на пријателските и сојузничките земји“, додаде Акар.

Тој нагласи дека им придаваат голема важност не само на безбедноста на нивната земја и народ, туку и на другите верски и етнички групи кои живеат во овие краишта, како Курди, Арапи, христијани, Језиди, Асирци и други.

„Добиваме информации дека терористичката организација ќе користи хемиско оружје и создавајќи перцепција вината ќе ја префрли врз нашите вооружени сили. Секој го знае фактот дека во инвентарот на ТСК нема хемиско оружје. Исто така, постојат информации дека преку артилериските напади кои терористичката организација ќе ги изврши врз цивилите, ќе се обидат да создадат перцепција дека во регионот сè уште продолжува заканата од ДЕАШ“, рече Акар.

Акар беше запрашан да коментира и за невистинитите вести објавени особено на странските медиуми во врска со операцијата „Извор на мирот“, нагласувајќи дека се објавуваат бројни невистинити вести и видеоснимки во оваа насока.

„Со ваквите лажни вести сакаат да фрлат сенка врз успехот и сензитивноста што ја покажуваат нашите вооружени сили на терен. Уште еднаш сакам да истакнам дека тоа нема да функционира“, истакна Акар, турскиот министер за национална одбрана.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.