Ivana Ramadanova
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска одржа пресконференција во врска со покачувањето од два проценти и зголемената минимална плата во градинките, јавува Anadolu Agency (AA).
Царовска појасни дека основната бруто-плата пред зголемувањето од два процента за септември, за одредено работно место изнесувало 15.090 денари, со зголемувањето од два отсто на бруто-платата се добива сума од 15.392 денари, а со зголемувањето на минималната плата, за истата бруто-плата се добиваат 17.130 денари.
„Од септември, вкупниот ефект од зголемувањето на минималната плата и зголемувањето од два процента кај градинките ќе биде до 2.040 денари, во зависност од нивното работно место“, рече на денешната пресконференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Овие средства, според министерката, на вработените во градинките им се исплатени со септемвриската плата која се исплаќа во октомври, и таа нагласи дека минималната плата во иднина ќе мора да се исплаќа.
Царовска нагласи дека ваквата одлука е регулирана преку Управата за јавни приходи, така што платите пониски од законски предвидената минимална плата од 12 илјади денари, нема да можат да поминат, додавајќи дека првата зголемена минимална плата е септемвриската, исплатена овој месец.