Ivana Ramadanova
13 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Според последните податоци од Државниот завод за статистика, бројот на туристите во Македонија е зголемен за пет отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Во периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 5,3 проценти, а кај странските зголемување за 4,8 проценти.
Бројот на туристите во ноември 2016 бил 44.162, а бројот на ноќевањата 97.980, што во однос на истиот месец во 2015 е во пораст за 5,7 и 3,4 отсто, соодветно.
„Бројот на домашни туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година е зголемен за 5,3 проценти, а на странските за 5,9. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 е зголемен за 7 отсто, а на странските за 0,1 процент“, се вели во извештајот на Државниот завод за статистика на Македонија.