Göksel Yıldırım
13 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Минстерот за економија на Република Турција, Нихат Зејбекчи, денес во Анкара изјави дека нема причина вредноста на турската лира за многу краток период повторно да не дојде на своето претходно, нормално ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во периодот што следи ќе сведочиме на враќањето на вредноста на турската лира во нормален распон, по осцилациите и низата шпекулативни чекори на кои бевме сведоци. Нема причина да не дојде до тоа“, изјави Зејбекџи гостувајќи на уредничкиот колегиум на АА во Анкара, при што го коментираше негативниот тренд во вредноста на турската лира во последно време.
Зејбекчи изјави дека Централната банка на Турција располага со механизми коишто ќе бидат користени во насока на заштита на домашната валута. Тој потсети на осцилациите во вредноста на валутата во јануари 2014 година, и рече дека во тој период дошло до интервенирање на Централната банка.
„Централната банка располага со многу инструменти, а еден од нив, според моето мислење, не би требало да биде пласман на девизи на пазарот. Постојат други, поефикасни механизми“, изјави Зејбекџи.
Тој изјави дека турската Влада во процесите на приватизација работи на намалувањето на побарувачката за девизи, истовремено зголемувајќи ја побарувачката за турската лира, што е пристап кој овозможува раст на вредноста на домашната валута.
Министерот Зејбекџи изјави дека осцилациите во вредност на домашната валута не претставуваат ризик за Турција, бидејќи како изјави, тоа е земја која е исклучително важна во економска смисла и нема да дојде до нестабилности во врска со тоа.