Fatih Erkan Doğan
12 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Според денешната изјава на турскиот министер за царина и трговија, неодамнешниот пад на турската лира веројатно е производ на манипулација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Постојат силни показатели дека девизните курсеви се изманипулирани“, вели Булент Туфенкџи за уредничкиот колегиум на АА во Анкара.
„Владата и централната банка одблиску ги следат движењата“.
Вчера попладне девизниот курс направи историски рекорд со соодносот 3.90 лири за еден американски долар.
Од 1 јануари, курсот на лирата се намали за повеќе од 11 отсто во однос на доларот, така што постои сомнеж за манипулација, особено кога курсот се промени рано изутрина и во доцните попладневни часови, кога ликвидноста на пазарот е плитка.
Економските експерти велат дека флуктуациите во курсот долар/ лира се чинат премногу манипулативни и не ги одразуваат вистинските основи на економијата на Турција.
Џемил Ертем, висок советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, вчера изјави дека последната побарувачката за американскиот долар во однос на турската лира била во плитки услови на пазарот и изгледала како премногу шпекулативен потег.
По зголемувањето на рекордно високото ниво од 3,9412 вчера , курсот денес се повлече до 3,8050 во 11.30 часот изутрина.