Турција, економија

Турција работи на развој на дигитална верзија на лирата

- Проектот „Дигитална турска лира“, што го води Централната банка на Турција, влегува во нова фаза во текот на следната година. Банката ќе спроведе симулации на дигиталната валута како дел од анализата на нејзиното економско и технолошко влијание

Mahmut Çil  | 07.11.2025 - Обновена : 07.11.2025
Турција работи на развој на дигитална верзија на лирата

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција работи на развој и воведување дигитална верзија на националната валута – лирата, при што активностите за создавање нејзина правна рамка добиваат нов замав, се наведува во Годишната програма на Претседателството за 2026 година, јавува Анадолу.

Проектот „Дигитална турска лира“, што го води Централната банка на Турција, влегува во нова фаза во текот на следната година. Банката ќе спроведе симулации на дигиталната валута како дел од анализата на нејзиното економско и технолошко влијание.

Според документот, Централната банка ќе ги утврди техничките барања за размена на хартии од вредност преку дигиталната лира и ќе подготви регулативи поврзани со нејзината употреба. Ќе се спроведат и анализи на концептот за користење на дигиталната валута во размената на токенизирани хартии од вредност.

Во септември, Централната банка објави повик за учество во проектот за развој на екосистемот на дигиталната лира, при што беше истакнато дека дигиталната валута ќе има клучна улога во финтек екосистемот на земјата.

Во рамки на проектот се работи на создавање инфраструктура за иновативни примени на дигиталната лира во различни сектори.

Банката најави дека во следните месеци ќе го објави извештајот за напредокот од втората фаза на проектот „Дигитална турска лира“.

Со повикот за учество, Централната банка има за цел да ги поттикне банките, платежните институции, електронските пари и технолошките компании да развиваат иновативни решенија и апликации за употреба на дигиталната валута во различни категории.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.