Murat Birinci
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
По изјавите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за новата ера во економијата, берзата достигна нов пик, а доларот и златото нагло паднаа.
Претседателот на Турција и воедно претседател на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган, на состанокот на парламентарната група на партијата, соопшти за „новата ера во економијата“, а побарувачката за активата на турската лира рапидно се зголеми.
Со рапидното зголемување на побарувачката за активата на турската лира, премијата за ризикот на Турција на меѓународните пазари (CDS) од нивото 450 падна на 410, домашната берза забележа раст, а девизниот курс и цената на златото паднаа.
На берзата Истанбул, индексот BIST 100, кој имаше вредност од 1.258 поени во првата половина од денот, го забрза растот по изјавите на Ердоган и достигна историски врв со вредност од 1.266,26 поени. Додека индексот BIST 100 порасна под водство на акциите на банките, зголемувањето на банкарскиот индекс надмина 4 проценти. Индексот BIST 100 со раст од 1,8 проценти во однос на претходната вредност, го следи нивото од 1.265.
Иако односот долар : турска лира го тестираше нивото над 8,20 денес, нагло падна по денешните изјави. По изјавите, односот долар : турска лира загуби околу 3 проценти и дојде на ниво од 7,8747.
Заклучно со 17:35 часот по турско време, тргувањето долар : турска лира се спроведува со однос 7,9111, што е приближно 3% помала вредност во однос на претходното затворање на берзата.
Продолжува падот и во односот евро : турска лира, кој наоѓа купувачи од 9,2977, губејќи вредност од 3%.
Со наглото намалување на курсот на доларот падна и цената на грам злато, постигнувајќи цена од 479,5 турски лири, што е пад од 2,4 проценти.