Emre Gürkan Abay
21 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
МОСКВА (АА) - Русија се договори со Босна и Херцеговина во период од 45 дена да го врати и последниот заостанат долг на Советскиот Сојуз, чиј вкупен долг кон Западот изнесуваше 66 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-министерот за финансии на Русија, Сергеј Сторчак, на новинарите им соопшти дека е договорено враќањето на последниот заостанат долг кон Босна и Херцеговина од времето на Советскиот Сојуз.
Заменик-министерот Сторчак изјави дека во период од 45 дена, на Босна и Херцеговина ќе ѝ бидат исплатени 125 милиони и 200 илјади долари, со што ќе бидат вратени сите заостанати долгови што на Русија ѝ останаа од времето на Советскиот Сојуз.
- „Миразот“ на Русија од 66 милијарди долари -
По распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година, Русија го презеде големиот дел од долгот кон западните земји во висина од 66 милијарди долари.
Со растот на цената на нафтата, се обнови буџетот на Русија, која долгот од 60 милијарди долари го отплати кон 19 западни земји, наречени Париски клуб, меѓу кои се наоѓаат САД и Британија.
Русија својот долг кон Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија и кон Македонија, држави што настанаа по распаѓањето на Југославија, го отплати во периодот 2011 – 2016 година.