Nuray Tunçay
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
ЗОНГУЛДАК (АА) - Со истражување на лицата и институциите за кои се сомнева дека припаѓаат или се блиски на терористичката организација ФЕТО, турската полиција дојде до интересно сознание. Полицијата на повеќе различни места пронашла банкнота од еден американски долар. јавува Anadolu Agency (AA).
Инаку оваа пракса во организацијата постои повеќе години, во преден план дојде по 15 јули кога ФЕТО/ПДЈ безуспешно се обиде да изврши државен удар. Припадниците на оваа терористичка организација тврдат дека банкнотата на своите следбеници ја праќал Фетулах Ѓулен, водичот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, кој престојува во Пенсилванија во САД. Како истакнуваат, овие банкноти се доделувани на поединците и институциите за среќа и успешен бизнис.
Меѓутоа, откако полицијата ги анализираше собраните податоци се наметна друго објаснување на банкнотата од еден американски долар.
Спорните банкноти се пронајдени во различни градови кај официри, полицајци, војници, судии и професори. Она по кое се разликуваат банкнотите е серискиот број. Токму тогаш полицијата забележа некои чудни елемнти. Имено, кај сите приведени за кои се сомнева дека се високо позиционирани во хиерархијата на организацијата се пронајдени банкноти со среиски број кој почнува на буквата „ Ф”. Кај останатите приведени за кои се смета дека се на пониски позиции во хиерархијата пронајдени се банкноти чиии сериски броеви започнувале на „Ј” или „C”
Војниците пучисти лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обидоа да извршат државен удар во Турција, во петок, 15 јули, а во таа прилика загинаа 246 лица, а ранети се 2,185 меѓу кои највеќе цивили.
Обидот за државен удар е спречен откако стотина илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и другите делови од земјата и храбро невооружени застанаа пред текнови и оклопни возила со кои пучистите се обидуваа да ја соборат демократски ибраната влада во Турција.