Belgin Yakışan Mutlu
23 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Вредноста на американскиот долар во однос на турската лира е во пад од понеделникот и денеска достигна 10,252, што е најниска вредност од 16 ноември, јавува Агенција Анадолија (АА).
На почетокот на неделава вредноста на доларот во однос на турската лира изнесуваше рекордни 18,3674 лири, но вредноста на лирата почна нагло да расте по изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за економската програма и досегашната вредност на доларот во однос на лирата падна за 44,2 отсто.
Трендот на падот на вредноста на доларот во однос на турската лира продолжува и денеска изнесува 10,252, што е најниска вредност од средината на ноември.
И вредноста на еврото во однос на турската лира денеска падна за 10,47 отсто и моментално изнесува 12,377.
Да потсетиме, Ердоган во понеделникот порача дека ниту еден турски државјанин нема да мора да ги префрла заштедите од турската лира во странска валута, бидејќи курсот ќе биде повисок. Тој, исто така, најави нова финансиска алтернатива за турските граѓани за да се ублажи загриженоста која се однесува на девизниот курс.
„Турција нема ниту намера ниту потреба да прави најмал чекор назад од слободната пазарна економија и девизниот режим“, рече Ердоган.