Admir Fazlagic
12 Септември 2016•Ажурирај: 13 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Бројот на туристите во првите седум месеци е зголемен за 8,5 проценти во однос на истиот период од минатата година. Кај домашните туристи има зголемување за 8,6 проценти, а кај странските за 8,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика на Република Македонија (ДЗС), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во првите седум месеци од годината, во однос на истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,3 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 5,2 проценти, а кај странските има зголемување за 5,4 проценти.
Бројот на туристите во јули изнесува 129.656, а на ноќевањата изнесува 526.693. Бројот на туристите во јули во однос на истиот месец лани е зголемен за 8,3 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1,2 отсто, се вели во соопштението на ДЗС.
Во однос на бројот на домашните туристи, во истиот период, нивниот број е зголемен за 5,9 проценти, додека бројот на странските туристи е зголемен за 10,7 проценти.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули, во однос на јули 2015 година е намален за 0,4 отсто, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,5 отсто, информира ДЗС.