Балкан

Скопје: Мајките излегоа на протест пред Владата, бараат продолжување на породилното

Во знак на револт, пред оградата на Владата мајките ги оставија празните шишенца за бебиња и мали деца, симболично укажувајќи дека доколку се вратат на работа, ќе нема кој да се грижи за децата

Admir Fazlagic  | 17.09.2020 - Обновена : 18.09.2020
Скопје: Мајките излегоа на протест пред Владата, бараат продолжување на породилното ( Foto: Admir Fazlagic / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ 

Мајките на деца до шестгодишна возраст попладневно во Скопје излегоа на протест пред Владата на Северна Македоија поради одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на своите работни места, откако претходно поради состојбата со коронавирусот (Ковид-19) им беше продолжено породилното отсуство, јавува Агенција Анадолија (АА).

Собрани пред Владата мајките на децата до шестгодишна воздраст, во придружба на своите сопрузи и со своите деца излегоа на протестот и во знак на револт пред оградата на Владата ги оставија празните шишенца за бебиња и мали деца, симболично укажувајќи дека доколку се вратат на работа, ќе нема кој да се грижи за децата.

Мајките носеа и транспаренти на кои пишува: „Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?, „Вашите деца не се поважни од нашите?, За нашите деца ги спремавте монтажните болници?, Комисијата за заразни болести не ви е валидна?“ ...

Тие велат дека се револтирани од одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на работа. Нивното барање е да се поништи одлуката на Владата со која што на 23-ти септември тие ќе треба да се вратат на работа. Исто така, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината, затоа што, како што велат, во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца.

„Јас имам сопствена фирма моја но сепак не можам да го оставам својот салон за да почнам со работа. Ќе нема кој дететето да ми го чува", рече во изјава за медиумите Оле Несторовска од Тетово која протестираше пред Владата.

„Ако не плашите залудно срам да ви е, ама ако е вистина ова што се случува оставете не дома со децата. Ние не сме неработници ние сме мајки кои се грижат за сопствените деца. Ние имаме кариери, сакаме да се вратиме на работа, меѓутоа сакаме децата да ни бидат безгрижни. Добивме информација дека (мајките) мноуг имале закани од фирмите во кои работат. Им се јавиле по телефон и им кажале доколку се појават на протестот ќе добијат отказ", изјави за медиумите Маја Муртовска, која присуствуваше на денешниот протест.

Според одлуката од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември. Исто така, родителите чии деца се до шестгодишна возраст, почнувајќи од 23 септември, да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, стои во владината одлука.

Оваа група на граѓани од почетокот на прогласување на пандемијата на Ковид-19, во март месец, беа ослободени од работните обврски, бидејќи градинките се затворија, училиштата се префрлија на онлајн настава, а хронично болните се со највисок ризик. Во меѓувреме, градинките почнаа со работа од 9 септември.

Според анализите на Министерството за труд и социјала, градинките имаат капацитет да згрижат околу 19.000 деца, а во моментот има околу 4.500 слободни места.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека мајките треба да се вратат на работните места, како и дека „веројатно ќе живееме со вирусот и цела следна 2021 година."

Во Република Северна Македонија досега се регистрирани вкупно 16.274 случаи на Ковид-19, додека бројката на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се изнесува 675.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.