Admir Fazlagic
12 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Македонија во февруари годинава ја посетиле 36.869 туристи кои оствариле 79.860 ноќевања што претставува зголемување на бројот на туристи за 13,6, а на бројот на ноќевања за 10,3 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во февруари годинава, во однос на истиот месец од 2016 година, е зголемен за 15,9 проценти, а бројот на странските туристи пораснал за 12,2 проценти.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 1,1, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17,8 проценти.
Инаку, во периодот јануари-февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,4 проценти.
Кај домашните туристи има зголемување за 12,7, а кај странските за 13,9 отсто. Бројот, пак, на ноќевањата пораснал за 11,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,2, а кај странските за 16,6 отсто.