Ekipa
19 Март 2022•Ажурирај: 21 Март 2022
ТУРЦИЈА (АА) - Домашно произведена мини ракета беше интегрирана во првиот турски вооружен дрон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Асисгард“, кој го разви вооружениот дрон „Сонгар“, и компанијата Одбранбена индустрија „Троја“, која произведува воени високоексплозивни средства и боеви глави, успешно го тестираа дронот опремен со мини ракети.
Различни системи за оружје и муниција се интегрирани во „Сонгар“, кој најпрво беше надграден со автоматски митралез, а потоа се приклучи на инвентарот на безбедносните сили. Сега, на дронот се интегрирани мини ракети развиени со домашни капацитети.
Како резултат на активностите за интегрирање што „Асисгард“ и Одбранбената индустрија „Троја“ веќе извесно време ги спроведуваат, за прв пат беше изведено тестирање на вградените мини ракети. „Сонгар“ успешно истрела осум мини ракети преку лансирните цевки поставени на дронот, соопштија денес од „Асисгард“.
Турција разви ракети со дијаметар од 40 милиметри како решение за користење во мини и микро беспилотните летала (UAV) и беспилотните копнени возила, без зависност од надворешни извори.
Изминатиот ноември „Асисгард“ го опреми своето ново мини беспилотно летало со 40-милиметарски фрлач на гранати.
Во последниве години, Турција стана ѕвезда во подем во глобалната одбранбена и авијациска индустрија.
Особено во авијацијата и на полето на беспилотните летала, Турција има неколку компании и брендови како „Бајкар“ и ТАИ кои произведуваат летала користејќи претежно домашни ресурси.