Hakan Çopur
19 Јануари 2024•Ажурирај: 19 Јануари 2024
ФЛОРИДА (АА) - Тимот на „Ax-3“, меѓу кои и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, пристигна во капсулата Драгон на Спејс икс, со која ќе заминат кон Меѓународната вселенска станица, пренесува Анадолу.
Спејс икс на социјалната платформа X ги сподели моментите кога тимот на Ax-3, вклучувајќи го и Гезеравџи, стигнува во капсулата со која ќе патуваат во вселената.
Во објавата е забележано дека екипажот на Ax-3, кој пристигнува на местото на лансирање во специјални костуми за астронаути, е возбуден покрај ракетата Фалкон 9 на Спејс сик, со која ќе заминат кон Меѓународната вселенска станица.
На снимката се забележува моментот од влегувањето на тимот во капсулата Драгон, која ракетата Фалкон 9 ќе ја носи во вселената, додека информацијата дека тие се сместиле во капсулата и ги направиле последните проверки се споделени во преносот во живот на Спејс икс на платформата X.
Вселенското летало на Спејс икс, во кое се наоѓа и првиот турски астронаут Гезеравџи, се планира да биде лансирано од вселенскиот центар на НАСА, „Кенеди“, во Флорида во 16.49 часот по американско локално време (00:49 по турско време).