Ahmet Furkan Mercan
17 Март 2022•Ажурирај: 24 Март 2022
ТОКИО (АА) - Јапонскиот производител на играчки „Томи“ го претстави мини-роботот произведен за истражување на површината на Месечината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Роботот најавен како „Сора-кју“ (Sora-Q), со дијаметар од 8 сантиметри и тежина од 250 грама, има способност да се трансформира во елипсовидна форма.
Благодарение на камерите поставени на предната и задната страна, роботот ќе може да ги испрати изработените фотографии.
„Томи“ заедно со други партнери, вклучувајќи ги и Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA) и „Сони“, го создаде роботот во период од шест години.
Хашиба Кента, претставник на јапонската компанија, изјави дека во дизајнот на „Сора-кју“ била користена технологијата од производство на играчки за намалување на големината и тежината.
Планирано е роботот „Сора-кју“ да биде испратен на Месечината двапати во текот на следната година за да се тестираат сондата и способностите за извидување.