Emel Öz Gözellik
04 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Вселенското летало на американската Агенција за истражување на вселената (НАСА), Осирис-Рекс (Osiris-Rex), пристигна до астероидот Бену (Bennu), пренесува Anadolu Agency (AA).
НАСА соопшти дека леталото до астероидот пристигнало по две години пат.
Осирис-Рекс ќе собира примероци од астероидот за да им помогне на научниците во истражувањата за Сончевиот систем.
Леталото на Земјата би требало да се врати во септември 2023 година.