наука и технологија

Дронот „Зефир“ на американската војска го собори сопствениот рекорд останувајќи во воздух 36 дена

Развиен од страна на Ербас, „Зефир“ ќе се користи за надзор и собирање разузнавачки информации со широка визуелна покриеност

Kasım İleri  | 23.07.2022 - Обновена : 25.07.2022
Дронот „Зефир“ на американската војска го собори сопствениот рекорд останувајќи во воздух 36 дена

ВАШИНГТОН (АА) - Командата на американските копнени сили за специјални операции извести дека беспилотното летало „Зефир“ на соларен погон го соборил сопствениот рекорд останувајќи во воздух 36 дена за време на тестот што сè уште трае, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на копнените сили се наведува дека беспилотното летало „Зефир“ полетало на 15 јуни и сè уште е распоредено на височина од 21.336 метри (70.000 стапки) над Аризона.

„Како дел од тестот, дронот ја завршил својата прва мисија над меѓународниот воздушен простор и морето“, се додава во соопштението. Наведено е и дека тоа бил најдолгиот лет со помош на сателитските комуникациски контроли.

Во 2018 година „Зефир“ постави рекорд со тоа што остана во воздух околу 26 дена.

Првото стратосферско беспилотно летало од ваков вид, „Зефир“, е развиено за континуиран лет со месеци, далеку над временските услови и конвенционалниот воздушен сообраќај.

Со распон на крилата од нешто повеќе од 24 метри, тежината на беспилотното летало е околу 80 килограми.

Развиен од страна на Ербас, „Зефир“ ќе се користи за надзор и собирање разузнавачки информации со широка визуелна покриеност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.