Турција, наука и технологија

Турските научници започнаа со анализирање на податоците за атмосферските честички над Антарктикот

„Нашите први набљудувања ги направивме за време на 6. Национална научна експедиција на Антарктикот... Нашите теренски набљудувања ги направивме со помош на соларен фотометар и албедометар“

Hikmet Faruk Başer  | 22.07.2022 - Обновена : 28.07.2022
Турските научници започнаа со анализирање на податоците за атмосферските честички над Антарктикот

ИСТАНБУЛ (АА) - Научниците во Туркије започнаа со анализирање на податоците за честичките во атмосферата над Антарктикот собрани преку сателитски и системите на терен, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопшти геоматскиот инженер Махмут Огуз Селбеоглу, идентификувањето и набљудувањето на ефектите од глобалните климатски промени е главната цел на научниците од Техничкиот универзитет во Истанбул и Институтот за научно-технолошки истражувања на Туркије (TUBITAK) - Институтот за поларни истражувања (МАМ).

„Нашите први набљудувања ги направивме за време на 6. Национална научна експедиција на Антарктикот преку проектот што го спроведовме во 2021 година со Белоруската академија на науки. Нашите теренски набљудувања ги направивме со помош на соларен фотометар и албедометар“, изјави Селбезоглу за Агенција Анадолија (АА).

Истакнувајќи дека експедицијата се состоела од едномесечни опсеравации, тој рече дека идните студии ќе дадат подолгорочни податоци со воспоставување на постојана станица на Белиот Континент.

„Во моментов имаме периодични податоци. Ги испитувавме честичките, оптичките длабочини на аеросолите и албедо-вредностите во атмосферата во текот на еден месец“, истакна Селбезоглу.

Нагласувајќи ја важноста од набљудувањето на честичките од Антарктикот, тој рече дека ќе продолжат со набљудувањата и споредувањето на податоците од година во година за да обезбедат пристојни наоди.

„Стапката на честички на Антарктикот беше на нивоата што ги очекувавме врз основа на сателитските податоци“, рече тој и додаде дека тоа претставува „позитивен развој“.

„Многу е важно да ги следиме“, нагласи Селбезоглу, посочувајќи дека испарувањата од различни делови на светот се транспортираат до Антарктикот преку глобалниот систем на ветрови.

„Ако можеме да го следиме овој транспорт, ќе можеме да ги следиме нивоата на емисии на јаглерод диоксид во различни делови на светот и штетата што ја предизвикуваат“, заклучи Селбезоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.