свет

Истражување во САД: Поддршката за Бајден на историски минимум од 38,7 отсто

Американската истражувачка компанија „Галуп“ објави дека Бајден има најмала поддршка меѓу сите американски претседатели за време на нивните први мандати

Gizem Nisa Çebi  | 28.04.2024 - Обновена : 29.04.2024
Истражување во САД: Поддршката за Бајден на историски минимум од 38,7 отсто

ВАШИНГТОН (АА) - Поддршката за американскиот претседател Џо Бајден во просек изнесувала 38,7 отсто во текот на неговото 13-то тромесечје на функцијата, се наведува во неодамнешното истражување, јавува Анадолу.

Американската истражувачка компанија „Галуп“ објави дека Бајден има најмала поддршка меѓу сите американски претседатели за време на нивните први мандати.

Џорџ Х.В. Буш ја имал претходната најниска просечна поддршка во 13-от квартал од 41,8 отсто во 1992 година.

Непосредните претходници на Бајден, Доналд Трамп и Барак Обама, имале просек од 46,8, односно 45,9 отсто. Тројца од четворица претседатели со помалку од 50 отсто поддршка, кои бараа реизбор, беа неуспешни, а Обама беше исклучок.

Меѓу претседателите кои се повторно избрани, вклучувајќи ги претседателите Ричард Никсон, Роналд Реган, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш, нивниот просек во 13-от квартал се движел помеѓу 51 и 55 отсто.

Двајт Ајзенхауер имал највисок просек од 73,2 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.