наука и технологија

Научниот институт на Полска ги вклучи домашните мачки во категоријата „агресивен странски вид“

- Домашните мачки во базата на податоци во која се вклучени 1.786 вида, се додадени со латинско име Felis catus

Çağla Güngör  | 27.07.2022 - Обновена : 29.07.2022
Научниот институт на Полска ги вклучи домашните мачки во категоријата „агресивен странски вид“

АНКАРА (АА) - Научниот институт во Полска соопшти дека домашните мачки се додадени во националната база на податоци за „агресивни странски видови“ поради штетата што им ја нанесуваат на птиците и другите цицачи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според „Асошиејтед прес“, домашните мачки во базата на податоци во која се вклучени 1.786 вида, се додадени со латинско име Felis catus.

„Felis catus веројатно е припитомен во периодот на големите цивилизации на Блискиот Исток пред околу 10.000 години“, се наведува на веб-страницата на Научниот институт на Полска.

Од Институтот истакнуваат дека е потребно да се земе предвид бројот на птици и цицачи кои се убиваат и ловат од страна на домашните мачки и дека таа одлука е резултат на растечкиот научен консензус.

Од Научниот институт, исто така, додаваат дека тие се против „секаков суров пристап кон животните“.

На социјалните мрежи голем број луѓе реагираа на одлуката на Институтот.

Дорота Суминска, авторката на книгата „The Happy Cat“, привлекувајќи го вниманието на загадувањето на животната средина, кое влијае врз намалување на биодиверзитетот, рече: „Треба да се прашате дали луѓето се на списокот на неагресивни видови?“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.