наука и технологија

Инвазивните видови жаба бик и кафеавата змија предизвикаа глобална штета од 16,3 милијарди долари

Група научници подготвија студија за економската штета што ја предизвикуваат инвазивните видови животни низ светот

Mehmet Alaca  | 29.07.2022 - Обновена : 05.08.2022
Инвазивните видови жаба бик и кафеавата змија предизвикаа глобална штета од 16,3 милијарди долари

АНКАРА (АА) - Научниците открија дека американската жаба бик и кафеавата змија, познати како инвазивни видови, предизвикале глобална штета од 16,3 милијарди долари од 1986 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Би-би-си“ (BBC), група научници подготвиле студија за економската штета што ја предизвикуваат инвазивните видови животни низ светот.

Студијата откри дека најголема глобална штета предизвикале американската жаба бик и кафеавата змија.

Овие два вида инвазивни животни, покрај еколошката штета, ги оштетуваат земјоделските производи и предизвикуваат прекини на електричната енергија, чија поправка е многу скапа.

Американската жаба бик и кафеавата змија предизвикале глобална штета од 16,3 милијарди долари од 1986 година. Се очекува наодите од истражувањето во иднина да поттикнат понатамошни инвестиции во спречување на инвазивните видови животни.

Во Европа се спроведуваат скапи програми, особено поради зголемувањето на бројот на американската жаба бик.

За да се спречи ширењето на видот, кој може да порасне до 30 сантиметри во должина и да тежи до половина килограм, властите поставуваат огради околу местата кои се познати за нивно размножување. Оградите го спречуваат преминувањето на жабите.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.