Bedrudin Brlyavac
01 Септември 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
БЕРЛИН (АА) - Во Берлин од вчера е отворен Меѓународен саем на потрошувачка електроника и домашни апарати IFA 2018, најголем од овој вид во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Посетителите, меѓу останатото, имаат можност да ги погледнат системите „Smart home“, напредната роботска технологија и најсовремените системи за слика и звук.
На Саемот учествуваат 1.814 компании, од над 30 земји, кои изложуваат најнови и најмодерни технолошки производи на денешницата.
Меѓународниот саем ќе биде отворен до 5 септември, а организаторите оваа година очекуваат околу половина милион посетители.
Саемот во Берлин првпат е одржан во 1924 година, со производи во сферата на радиото и телевизијата, додека денес е саем на комплетна потрошувачка електроника.
Минатата година Саемот го следеа повеќе од 6.000 илјади новинари од целиот свет, а биле договорени проекти во вредност од повеќе од 4,9 милијарди долари.