наука и технологија

Вештачката интелигенција ќе го дефинира оштетувањето на мозокот

Кинеските научници, благодарение на системот на вештачка интелигенција што го развија, ќе им помогнат на лекарите околу одредувањето на оштетувањето на мозокот

Fuat Kabakcı  | 03.09.2018 - Обновена : 04.09.2018
Вештачката интелигенција ќе го дефинира оштетувањето на мозокот

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Системот на вештачка интелигенција што заедно го развија кинеските научници и доктори, ќе се користи во дефинирањето на оштетувањето на мозокот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објави кинеската новинска агенција „Синхуа“, научници од Кинеската академија на науки и доктори на кинеската Народноослободителна армија, пет години работат на систем на вештачка интелигенција. Овој систем е развиен со цел да им помогне на докторите да дефинираат и да дадат проценка за повредата на мозокот кај луѓето кои го имаат овој проблем.

Се очекува овој систем да одигра важна улога во повторното враќање на свеста, особено кај лицата кои имаат губење на свеста и нејзино нарушување (DOC). Овој систем прави валоризација врз основа на сликата што се создава при формирањето на мрежа во комуникацијата со различни делови од мозокот.

Вештачката интелигенција досега испита десетици илјади слики на 63 пациенти кои имаат нарушување на свеста. Притоа, овој систем со точност од 88 отсто дијагностицираше дали кај заболените ќе дојде до враќање на свеста или не.

Сонг Минг, водач на проектот, изјави дека системот, за време на работата на мозокот дејствувал заедно со него во голем број делови од мозокот, и создал мрежа на комуникација.

Бидејќи докторите не ја забележале директната поврзаност на нарушувањето на свеста со мрежата на комуникација во мозокот, Сонг рече дека ќе биде потребно обезбедување нови индикатори, со цел вештачката интелигенција да ја разбере оваа болест. Тој изрази надеж дека ќе бидат обезбедени информации, благодарение на кои вештачката интелигенција ќе може да воспостави точна проценка за повредата на мозокот.

Сонг истакна дека за да биде моделот на вештачка интелигенција еден валиден и веродостоен систем, постои потреба од поголем број податоци.

Проектот е објавен во меѓународното списание „Life“.

По доживувањето на нарушување на свеста, еден дел од пациентите остануваат врзани за кревет или влегуваат во вегетативна состојба на живеење.

Кина има околу 500.000 лица болни од хроничен DOC, како последица на мозочна траума, примање удар и на други мозочни болести. Заедно со ова, се истакнува дека секоја година во оваа земја се појавуваат меѓу 70 и 100 илјади нови случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.