Ahmet Gürhan Kartal
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
ЛОНДОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, денес изјави дека бројот на мигранти кои доаѓаат во Обединетото Кралство мора да се намали иако желбата на квалификуваните работници да дојдат во оваа земја е комплимент за британската нација", пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за Би Би Си, Џонсон рече дека Брегзитот ќе ѝ даде шанса на Велика Британија да ја поврати контролата над големите суми на пари, но не според законите на Европската Унија (ЕУ), туку самата да склучува договори за слободна трговија.
„Брегзит не значи дека Велика Британија станува затворена. Ние сме динамична глобална економија. Сега имаме можност да станеме светски активисти за слободна трговија. Круцијалното нешто што треба да се сфати е дека големите суми на пари се враќаат назад во нашата земја, којашто ќе биде во можност да ги троши на приоритетни нешта. Тоа е и еден од исходите од Брегзит“, рече Џонсон.
Тој се осврна и на бегалската криза во Европа. Околу 330.000 мигранти минатата година пристигнаа во Велика Британија што, според него, претставува многу голем број, што мора да се намали.
„Јавноста треба да ја разбере смислата на прифаќањето на квалификуваните работници-мигранти. Нивното доаѓање е голем комплимент за британската економија“, рече Џонсон.
Говорејќи за војната во Сирија, британскиот министер истакна дека милиони луѓе никогаш нема да го прифатат владеењето на лидерот на режимот Башар ал-Асад. Џонсон нагласи дека Асад е одговорен за огромното мнозинство од 400.000 жртви во текот на петгодишната војна во Сирија.
Џонсон во петокот, за време на говорот во Чантам Хаус во Лондон, рече дека е потребно да се пронајде нов начин за симнување од функцијата сириски претседател, истакнувајќи дека Сирија ќе треба да биде уникатна. Тој смета оти тоа не може да се постигне додека на власт е Асад.