Ekipa
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
МАЈАМИ (АА) - Шефки Авад Балзухејр од Јемен е ослободен од затворот Гвантанамо и испратен во западноафриканската островска земја Република Зелен 'Рт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува од Пентагон, по ослободувањето на Балзухејр, бројот на затвореници во американскиот затвор на Куба е намален на 59.
Балзухејр е држен во Гвантанамо без обвинение од 2002 година откако во пакистанскиот град Карачи е фатен со неколку лица за кои постоело сомнение дека се борци на Ал Каеда. Американската влада утврди дека тој е "милитант од најниско ниво" и одобрила негово ослободување.
САД не ги испраќаат затворениците, граѓани на Јемен во таа земја поради војната која се води таму, туку пронаоѓаат земји кои ќе ги прифатат поранешните затвореници.
Америкснскиот претстедатл во заминување Барак Обама, на почетокот од својот прв мандат рече дека ќе го затвори Гвантанамо, а во годините што следеа од тој американски затвор пуштени се стотици лица.