Meryem Göktaş
06 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денес упати повик за формирање европска армија за обезбедување заштита на Европејците, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нема да ги заштитиме Европејците, освен доколку не решиме да имаме вистинска европска армија“, рече Макрон во интервју за радио Европа 1.
Истакнувајќи дека Европа има потреба од армија „без само да зависи од САД“, Макрон рече дека Европа треба да се заштити, особено од Русија.
Осврнувајќи се на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување од Договорот за разоружување од периодот на Студената војна, Макрон рече дека неодамнешната одлука на Трамп директно ја изложува на опасност безбедноста на Европа.
- Порастот на екстремно десничарските партии -
Говорејќи за екстремно десничарските партии што се појавуваат во Европа, Макрон рече дека е важно да им се спротивставиме.
„Тие (екстремно десничарските партии) играат на картата на стравовите на другите, сакаат да ги затворат границите. Не значи дека само затоа што се избрани не можам да се борам против нивните идеи“, додаде тој.
Францускиот претседател потсети дека Европската Унија (ЕУ) е уникатен проект за мир и просперитет во светската историја.
„Мирот и просперитетот во кој уживаше Европа 70 години, претставува златен миг во нашата историја“, додаде Макрон.