Ekipa
06 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
КУВАЈТ (АА) - Обилните врнежи од дожд го парализираа секојдневието во Кувајт, принудувајќи ги властите денешниот ден да го прогласат за неработен, јавува Anadolu Agency (AA).
Заливската земја во последните два дена е зафатена од поројни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави во различни делови на земјата.
Преку соопштение, кувајтскиот Кабинет го прогласи вторник за неработен ден за сите министерства, државни и приватни училишта и универзитетите, поради поројните врнежи.
Кувајтскиот девизен пазар, исто така, соопшти дека ја запира работата денес поради лошите временски услови.
Нема пријавено повредени како резултат на врнежите.
„Кувајт ервејс“ (Kuwait Airways) соопшти пак, дека нема откажани летови поради временските услови, и дека сите закажани летови кон и од Кувајтскиот меѓународен аеродром продолжуваат според планираниот распоред.