Cansu Dikme
03 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
РИЈАД (АА) - Саудиска Арабија и нејзините сојузници постигнаа договор за 48 часа да го продолжат рокот за властите на Катар да одговорат на претходно доставената листа на барања кои треба да се исполни за да следува деблокада на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкото соопштение на Саудиска Арабија, Бахреин, Египет и ОАР се наведува дека предлогот за продолжување на рокот на Катар за исполнување на поставените услови за деблокада е усвоен на предлог на Кувајт.
Кувајтскиот емир, Шеких Сабах ал-Ахмед ал-Сабај, побара од просаудискиот блок да му даде додатни два дена рок на Катар, поради тоа што емирот ал-Сабах денес ќе се состане со шефот на катарската дипломатија, Абурахман ал-Тани, како и поради тоа што владата на Катар најави дека по тој состанок и официјално ќе се изјазни во однос на доставените барања.
Кризата во Заливот ескалираше на 5. јуни кога властите на Саудиска Арабија, Бахреин, Египет, ОАР и Јемен ги прекинаа дипломатските односи и ги блокираа границите на Катар.
Катар се товари за поддршка на тероризмот, што официјална Доха го негира и го оценува како неосновано обвинение.